Македонија
20. February 2018 - 18:53

ВМРО-ДПМНЕ: Вкупниот трошок за двајцата нови потпретседатели на Собранието е 8.000 евра

СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници. Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието на Република Македонија е тотално непотребно.

СДСМ создава само дополнителен трошок.

Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра.

Вкупниот трошок за двата нови потпретседатели изнесува 8000 евра.

Тоа се 8000 евра месечно, пари кои можат да се вложат во здравството, образованието, во отворање на нови работни места и за голем број други проекти. Наместо на развој СДСМ сепак се реши овие пари да ги потроши за измислените функции на Ременски и Мисовски.

Одлуката да се именуваат нови 2 потпретседатели на Собранието не создава додадена вредност, туку е уште еден удар по џебот на граѓаните од страна на власта.

Ова е сосема спротивно од заложбите на СДСМ пред изборите. Пред изборите ветуваа намалување на непродуктивното трошење, сега го зголемуваат.

СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваат врз граѓаните и ја води државата кон амбис од кој нема враќање назад.

Се троши за непродуктивни и луксузни работи, а пари за реалните потреби на граѓаните нема.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ