ВМРО-ДПМНЕ: Владата и менаџментот на МЖ ќе изнајдат решение за барањата на железничарите
СДСМ имаше доволно време да покаже грижа за вработените во железницата и целокупно железничката инфраструктура и сообраќај, но наместо тоа СДСМ отпушти голем дел од вработените, ги остави на милост и немилост, ја опустоши цела железница, а компанијата ја остави на цедило, се наваедува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.
- Оваа Влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да си поигрува со вработените во железницата. Заеднички со менаџментот на двете компании во најбрз можен рок ќе се изнајде решение за надминување на состојбата, стои во соопштението.
Воедно, се посочува дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ влегла во најголемиот инвестициски циклус во железницата до сега, набавувајќи нови возови, нови локомотиви, нови вагони, градејќи нови пруги.
- Само во последните три години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од буџетот на Република Македонија издвои над една милијарда денари директна помош за работењето на железницата. Лицемерните прес-конференции на СДСМ се уште еден доказ за манипулациите што ги прават врз вработените поттикнувајки ги на нетрпеливост и блокада на железничкиот сообраќај, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово