ВМРО-ДПМНЕ: Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите од која, како што се наведува, произлегува дека Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија.
- ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција, се вели во соопштението од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија потсетува дека во време на нивното владеење понудиле и пружиле голема помош и подршка за мигрантите кои транзитирале низ Република Македонија.
- Со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија, а и самите мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и егзистенција во земја со стапка на невработеност од 22,9 отсто, стои во соопштението од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа на 29-ти овој месец.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека