ВМРО-ДПМНЕ: Власта не прави ништо за подобрување на животот на граѓаните
500 илјади граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија. СДСМ е директен виновник за оваа состојба, бидејќи повеќе од година ипол не прави ништо во насока на подобрување на животот на граѓаните, туку се што прави само ја влошува ситуацијата во државата.
Потврда за неспособноста на владата стигна и од Светскиот економски форум, кој ја рангираше државата на 84 место на листата на економска конкурентност.
Пред само 2 години Република Македонија беше за околу 20-тина места повисоко на листата. Светскиот економски форум Република Македонија во категоријата институции ја рангира на 85 место. Република Македонија за жал е еден од лидерите во светот според недоверба во судството, односно од 140 земји се наоѓа на 128 место во категоријата независно судство.
Со ваква корумпирана влада поради која само тонеме во корумпираност и безредие на долг рок се влошуваат изгледите дека можеме да мрднеме од мртва точка. Со СДСМ на власт безперспективноста се зголемува.
Додека остатокот од регионот и Европа се далеку пред нас, Република Македонија се назадува како на економски, така и на општествен план.
Економијата е на нула, задолжувањето изнесува 5.14 милијарди евра, а трошоците за живот се зголемуваат. Се што прави владата е трошење на илјадници евра на луксузи, 670.000 евра за набавка на цвеќиња, 40.000 евра за кафе и 1 милион и 600 илјади евра на лубриканти.
Со Зоран Заев на власт економијата, граѓаните и државата не се приоритет, приоритет е луксузирањето на власта и криминалните милионски тендери поделени во четири очи.
СДСМ не смее да продолжи да биде слика за Република Македонија. СДСМ мора да си замине, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга