ВМРО-ДПМНЕ: Власта со својата неспособност дозволи појава на африканска чума
Неспособноста и некадарноста на власта носат пустош во земјоделството и сточарство. Како резултат на нивната несериозност, во Македонија се појави африканската чума и под ризик е ставена целата популација од 150.000 свињи во земјава.
Заради несериозниот пристап на министерот Љупчо Николовски и директорот на АХВ Николче Бабавоски, африканската свинска чума е регистрирана на огромна фарма во Таринци каде загрозени се 10.000 свињи кои се под закана да бидат уништени, а штетата е толку голема што може да изнесува над 2,5 милиони евра..
Бидејќи власта немаше слух и не пристапи сериозно на овој проблем, не донесе навремени соодветни мерки или се носеа некакво провидни колку да се каже, Македонија може да остане без најбрзорастечката сточарска индустрија во ресорот земјоделие, свињарството.
Цела гранка може да згасне поради нивната ароганција и неспособност, а со тоа македонските граѓани и сточарите без единствената свежа домашна суровина – свинското месо.
Доколку навремено ги слушаа решенијата од ВМРО-ДПМНЕ и мерките кои ги предлагавме, ова можеше да се спречи. Но, нивната ароганција и немањето капацитет за работа не им дозволија да ги послушаат советите и сега го загрозија свињарството во земјава.
Проблемот е пресериозен и потребна е итна реакција.
Бидејќи фармерите се оставени од власта сами на себе, апелираме на подигање на биосигурносните мерки на највисоко можно ниво како единствен ефикасен начин на превенција од болеста.
Воедно власта која уништува се што стигне треба да знае дека за брзо доаѓа време за одговорност за катастрофата која и ја носи на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
