ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина од мај, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Штип на пуштањето во употреба на детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ„Гоце Делчев".
Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.
– Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата, посочи Мицкоски.
Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.
– Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје