ВМРО-ДПМНЕ: Вториот внук на Али Ахмети, Бесиан Ахмети е поставен за прв секретар во амбасадата во Брисел
Кога јавноста мислеше дека дното е постигнато, со тоа што внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети го купил бизнис центарот Соравиа, на 24 год, за 30 милиони евра, затоа е тука вториот внук, кој со само 10 месеци стаж, станува прв секретар во амбасадата во Брисел, поставен токму од министерот Османи.
Внукот, Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од министерството за економија на кој се пријавил и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.
Значи без соодветно образование и искуство, внукот Бесиам е унапреден 3 скалила погоре. Дали можеби бидејќи имал посебна дарба за дипломат, како и внукот Дрин Ахмети за претриемач е поставен на местото прв секретар во амбасадата во Брисел? Дали Ковачевски не знае ни за вториот внук сега, кој е вработен во државна институција?
На граѓаните веќе им е јасно, дека единствен начин да се запрат овие луѓе, кои си прават династија на грбот на народот, се изборите кои следуваат. Тогаш тие ќе го кажат својот финален збор.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите