ВМРО-ДПМНЕ: За „Мафија“ правда нема, има само жртвени јагниња за да не одговара Спасовски

Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема.
Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што е правда во вистинска смисла на зборот.
Граѓаните гледаат дека правда кога СДСМ е на власт е кога за криминалци, лица блиски до власта не важи законот.
За случајот излегоа виновни лица кои одлучиле поради икс причини да ја преземат вината на себе.
Тоа се само жртвени јагниња, само за да не одговара главниот виновник Оливер Спасовски.
Очигледно е дека во договор со нивните началници и повисоките структури во министерството на Спасовски, луѓето одлучија да ја преземат вината и да одлежат две години.
ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е финансиска истрага за парите, зошто нема потерници за мафијашите?
Ова вака нема да помине. Сите осомничени ќе излезат пред лицето на правдата.
Сите што се инволвирани во овој случај треба да знаат половина балканска мафија, албанска, турска, црногорска, италијанска, па и шпанска мафија имаат македонски пасоши и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде нема за овој случај. Овој случај ќе има разрешница според сите меѓународни стандарди!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
