Македонија
13. February 2021 - 19:31

ВМРО-ДПМНЕ: За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег?

Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег.

Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. 

Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано.

64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година.

Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати.

Во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов.

 

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје