ВМРО-ДПМНЕ: Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека „Зоран Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура“.
- Пратеникот на СДС, Мухамед Зекири се фотографираше со дел од членовите на семејството Гаци, познато по брутални криминали на Косово. Мухамед Зекири е човекот кој е директната врска на Зоран Заев со структурите на подземјето од Косово и Македонија, за што во повеќе наврати медиумите објавуваа и фотографии, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што пишуваа медиумите, стои во соопштението, според ЕУЛЕКС – Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај, Србица.
- Според медиумите познатиот косовски гангстер Гани Геци е обвинет за убиство на Ружди Шаќири, поранешен командант на УЧК. Гани Геци безмилосно го убил испукувајќи четири куршуми во телото на убиениот.
Залудно е СДС да се обидува да ја сокрие врската со нарко-мафијата, кога во изминатиов период јавноста беше сведок полициски акции против наркодилери блиски до Заев и неговите соработници, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се посочува на фотографиите на Заев и со уапсените наркодилери од Арачиново, Сеад Рахиќ и наркодилерите од тетовско.
- Криминалците како Заев знаат да прават само криминал и затоа секогаш се во друштво на себе сличните. Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа, без разлика колкава е поддршката од крималното подземје за СДС, таа нема да се реализира, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
