ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја пропаднаа државата, МВР не издава лични карти, пасоши и регистарски таблички на граѓаните
Оливер Спасовски беспрекорно брзо издаваше пасоши на криминалци, а граѓаните се потешко доаѓаат патнини исправи и регистарски таблици.
Спасовски наместо во служба на народот очигледно е само во служба на мафијата.
Откако на сомнителен тендер, со многу жалби и нарушување на постапката, беше одлучено набавката за набавка на регистатски таблици да се додели на фирма која не располага со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди, таблички за возила нема.
Иако Оливер Спасовски упорно ја лаже јавноста дека сите станици за технички преглед имаат добиено таблички за регистрација, ситуацијата на терен е сосема поразлична.
И ако издавањето на лични документи за светските криминалци одеше беспрекорно, граѓаните се потешко доаѓаат до пасош или лична карта.
Колапс во најава имаме и на систем за издавање на лични документи и тоа во очи на сезоната на летни одмори кога интересот за вадење документи е голем, а дополнително се очекува истиот да се зголеми со враќањето на иселениците.
Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи, на голем број луѓе им се поместени термините, а голем број преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.
Хаосот со кој се соочуваат граѓаните не допира до Спасовски кој упорно тврди во јавноста дека проблем со издавање на документи и таблички нема.
Спасовски да ги зајакне и екипира секторите и одделенијата кои пружаат основни граѓански услуги, изминативе 6 години за повеќе од тројно е зголемен бројот на негови советници и лица со измислени функции во МВР, со што само се вдомени партиски поддржувачи и ПР активисти. Граѓаните и нивната потреба од важечки личен документ, регистерска табличка или било каква дозвола која ја издава МВР е тотално небитна за Оливер Спасовски.
Спасовски да си ја врши работата за која е платен од граѓаните. Народот не е должен да ја трпи неспособноста на СДСМ.
4 години Заев, 4 години изгубен живот. Доста е!
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево