ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата
Оливер Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот, со што помогнал во избегнување на правдата.
Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски Рекет низ државата. На вчерашното рочиште се потврди тоа.
Иако во постојано комуникација со Боки 13, Русковска не го повика на распит и чекаше јавноста да дознае за неговиот однос со Боки 13 од сведочење на жртва во случајот.
Спасовски не може да ја манипулира јавноста. Не можел тој како прв човек на МВР да не знае за криминалот на Боки13.
Не можел, а да не го забележи луксузот, а да не се запраша колкава му е платата, дали некаде е вработен и колку плаќа даноци!?
Спасовски знаел за криминалот бидејќи за криминалот имале оперативни информации службите со кои раководел, многу повеќе и многу порано од секој обичен граѓанин.
Оливер Спасовски со намера се зближил со Боки 13 кој во тој период вршел милионски рекет и свесно ја промовирал нивната блискост за да се стекне впечаток дека тој ја има медиумската поддршка на Боки 13, а Боки 13 ја има полициската поддршка на Спасовски.
Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе. Оливер Спасовски треба да одговара за неговата улога во рекет. Сите злоупотреби ќе се истражат и откријат, а одговорност ќе има после 12 април откако ликови како
Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата.
Ново на Сител
-
Додик призна дека во Израел бил прогласен за непожелна личност поради наредбата за апсење во БиХ
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина