ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ граѓаните ќе враќаат 30 милиони евра повеќе
Расипништвото на криминалниот картел на власт, ќе го чувствуваат идните генерации и после 30 години. Во вторникот министерството за финансии издаде обврзница во висина од 19.5 милиони евра со период на враќање од 30 години и камата од 4.85%. Со што само за камата државата ќе треба да врати 29.1 милиони евра, а вкупната сума која ќе ја врати ќе биде 48.6 милиони евра.
Да почитувани сограѓани,
Земаме 19.5 милиони евра, а враќаме 48.6 милиони евра. Ова го може само криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Ова е на директна штета на граѓаните и државата. 29.1 милион евра наместо во изградба на нови училишта, градинки, болници, канализациони мрежи и други инфраструктурни објекти, државата ќе ги плаќа за камати.
Инвестиции нема. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првите 3 месеци од 2018 година е 7.4%. Ако немаме инвестиции и вложување, каде се трошат милионите за кои не задолжи оваа криминогена власт?
Криминалниот картел на чело со Зоран Заев мора да одговори, каде завршуваат милионите за кои секојдневно ја задолжуваат државата.
Овој криминален картел ја турка државата кон презадолженост, Не водејќи сметка за идните генерации. Не само што се задолжуваат без основа и непотребно, туку и ја кријат вистината околу големината на државниот и јавен долг.
Овој криминален картел се обиде да сокрие дека државниот долг поради нивното недомаќинско работење надминал 4 милијарди евра, додека јавниот долг рапидно се приближува кон 5 милијарди евра.
СДСМ додека беше опозиција, ветуваше транспарентност при задолжувањето, сега од позиција на власт, не само што не кажува за што секојдневно се задолжува, туку и ја крие висината на долгот од граѓаните, од чии пари истиот треба да се враќа.
Овој криминален картел не смее да продолжи да ја урнисува државата. Државата и граѓаните не треба да го плаќаат расипништвото и неодговорноста на Зоран Заев. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.
Ане Лашкоска, ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола