ВМРО-ДПМНЕ: Здравството се повеќе тоне, одговорност од Филипче нема

Здравството се повеќе тоне.
Денеска почина уште едно девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција.
Вчера почина 12 годишно девојче, едно од низата кои починаа од грип. Досега грипот однесе 5 животи од кои едно е 5 годишно девојче, 14 годишно девојче, 12 годишно девојче, 25 годишна девојка и 80 годишен маж. Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија?
Одговорност за ова од Филипче нема.
Заеви се расфрлаат со пари по виенски балови и луксузни спа центри, а здравствената нега зависи од донации.
Додека Филипче шета и се фали со донации, македонското здравство паѓа на сите листи во светот.
Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.
Денес според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.
Што се случи од тогаш до сега? Одговорот е јасен, на македонското здравство му се случија аболицираниот Зоран Заев и неспособниот Венко Филипче. Затоа здравството тоне, а граѓаните ја плаќаат неспособноста со своите животи и животите на своите најблиски.
Време е за одговорност, бидејќи хаосот во здравството станува се поголем. Господине Филипче поднесете си оставка и спасете ги граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник Маја Славева
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
