ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ја злоупотребува својата позиција и доверба
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска обвини дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ја злоупотребува својата позиција и доверба од граѓаните со сомнителни зделки и огромни суми пари за уредување и поплочување на една улица.
Јордан Ристевски, советник од Општина Центар, на прес-конференцијата посочи и на проектите што во изминатите години ги реализира во Општина Центар.
- Изградени се пет катни гаражи, нов плоштад Мајка Тереза, Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот Крст, во соработка со Град Скопје се реконструирани и се проширени булеварите „Илинден“, „Климент Охридски“, „Теодосиј Гологанов“ заедно со кружниот тек, изграден е булеварот „Јордан Мијалков“, извршена е санација на основните училишта „Кирил и Методиј“, „Песталоци“, „Димитар Миладинов“, „Кочо Рацин“, изјави Јордан Ристевски, советник од Општина Центар.
Потсети дека се изградени спортски сали во училиштата „11-ти Октомври“ и во рамките на Факултетот за физичка култура, а во тек на градба се салата во Св. Кирил и Методиј, како и во Домот за деца без родители 11-ти октомври во Капиштец.
- Во финална фаза е проектот Скопје 2014 година. Инвестициите во споменици не беа со пари од буџетот на Општина Центар. Владата ги обезбеди парите од централниот буџет. Жерновски бесрамно лаже дека Општината трошела пари за споменици. Општината само ги инвестираше парите во намена која ја определи Владата, бидејќи таа ги обезбеди парите, рече Ристевски.
Жерновски, според него, ја злоупотребува својата позиција и доверба од граѓаните со сомнителни зделки и огромни суми пари за уредување и поплочување на една улица.
- Факт е дека Жерновски потроши огромна сума пари, дури 2.629 евра за секој еден метар како тоа да се златни плочки, а не поплочен бехатон. Жерновски не може и не смее да избега од сериозниот сомнеж за криминал и корупција за овој случај, рече Ристевски.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија