ВМРО-ДПМНЕ:Нови предвремени парламентарни избори - решение за излез од политичката криза
ВМРО-ДПМНЕ смета дека нови предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза во која СДСМ по изборите повторно ја втурна државата.
- Зоран Заев во обид да се спаси себе си и својата криминална дружина кои се потонати до гуша во криминал е спремен во целост да ја реализира Тиранската Платформа и со тоа да ја редефинира Република Македонија, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително секој ден, како што се наведува во соопштението, гледаме како полицијата апси трговци со дрога, лица кои се дел од неговото потесно опкружување и со кои тој работел во кампања. - Затоа Зоран Заев е избезумен и е спремен на се само да дојде до власт во надеж дека така ќе се спаси од криминален прогон. За да се спаси себе и екипата околу себе, Заев ја прифати Тиранската Платформа, која во целост е неуставна. Со неа се пропишува целосна двојазичност и промена на името по грчки терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тиранската Платформа, како што истакнуваат од партијата, го загрозува и поништува мултиетничкиот и унитарен карактер на државата, а со нејзина реализација Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија што ќе значи дефинитивен нејзин распад.
- Затоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива ваквата Тиранска Платформа и ја отфрли уште во текот на преговори. За ВМРО-ДПМНЕ ова е дрзок и подмолен обид да се изврши притисок врз Република Македонија за промена на името спакуван во уцена преку Тирана, истакнуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата