ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ има проблем да ја објасни капитулацијата и прифаќањето на грчките црвени линии
СДСМ има сериозен проблем како да ја објасни капитулацијата и прифаќањето на грчките црвени линии, спротивно на волјата на народот. Зоран Заев знае дека тој е првиот и единствен политичар што прифатил бришење на македонскиот идентитет.
Зоран Заев се колнеше во своите внуци, деца, татко и дедовци, а на крај се согласи да го поништи институционалниот идентитет кој е дел од националниот. Зоран Заев прифати промена на името на македонските институции, иако велеше дека било недозволиво некој сосед да му влезел дома во дневната соба и да му кажел како тој ќе се викал од утре. Зоран Заев се колнеше во жицата македонска, а се согласи на членот 8 од договорот со кој што културата и археологијата ќе ни ги дефинира соседна Грција во рамки на комисиите кои што ќе се формираат.
Ова е проблемот што го има СДСМ. Знаат дека се прочитани и дека народот е против обидот криминалите да си ги покриваат со распродажба на највисоките државни и национални интереси.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, јасно и недвосмислено го имаат кажано својот став во однос на капитулантскиот договор за промена на името, потпишан од владата на Зоран Заев. На вчерашниот протестен собир и во минатото, истиот е конзистентен и на линија на македонските национални интереси.
Тонењето на листите на најкорумпирани земји, крахот во економијата, образованието, здравството и секоја друга област не е заради тоа што претходно немало капитулантски договор со Грција, туку заради тоа што неспособната, расипничка власт целосно се фрли на крадење.
СДСМ е партија која што потроши повеќе од година дена за склучување на штетни договори користејќи го истото како димна завеса за криминалот кој го прават.
СДСМ манипулира со граѓаните и единствено важно им е да нижат милионски тендери и да испумпуваат пари од буџетот.
Токму затоа не можат да сфатат кога некој не размислува како нив туку ги става државните и националните интереси во прв план.
Зоран Заев и СДСМ нема и не можат да го оправдаат капитулантскиот договор за промена на јазикот, името, идентитетот, културата и историјата на нацијата..
СДСМ и Зоран Заев мора да си одат.
Ново на Сител
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод