Внимателно во тунелите на патот Демир Капија - Смоквица
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот