Македонија
12. February 2018 - 15:19

Внимавајте: Бесни кучиња шетаат во ценатрот на Скопје - нападат маж на Камениот мост

Уште еден напад од бесно куче во Скопје, 50-годишен маж бил каснат по што веднаш побарал лекарска помош. Како што информираат од полицијата, вчера  во 18.45 часот во Полициската станица Центар, Д.Б. (50) пријавил дека на 09.02.2018 година околу 07.20 час на Камениот мост во Скопје, додека се движел, бил каснат од куче бездомник за десната надколеница. Тој веднаш се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.