-->
-->
ВНИМАВАЈТЕ: Температурните шокови ги срозија хронично болните пациенти!
-->

Според д-р Анита Димовска, раководител на Итната медицинска помош во Скопје, од петокот кога почна заладувањето до вчера многу граѓани почувствувале здравствени тегоби од различна природа. Во петокот и во понеделникот дневно имало од 4 до 5 мозочни удари.
Температурните шокови ги срозија хронично болните пациенти во земјава кои патат од висок крвен притисок, како и астматичарите и хронично срцеви болни лица. Тие изминативе денови беа изложени на екстремно ниски температури, мразови и снег кои во некои делови од земјава, како што е Берово, достигнаа и до минус 21 Целзиусов степен. Студено беше и во Битола, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране, Маврово, Крушево.
Дел од нив уште не можат да се стабилизираат од студот, а синоптичарите веќе од денеска најавуваат дека времето ќе почне нагло да се стоплува, така што викендов се очекува во некои градови од земјава температурата да се искачи до плус 18 степени. За овој период од годинава тоа се високи температури што не се карактеристично за овој период од годината и се далеку повисоки од просечните доколку се спореди со минатите години.
За температурните осилации предупредуваат и лекарите од Итната медицинска помош и посочуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни, да не се изложуваат на нагли температурни промени. Медицинските лица особено препорачуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат потребната терапија за нивно лекување.
Според д-р Анита Димовска, раководител на Итната медицинска помош во Скопје, од петокот кога почна заладувањето до вчера многу граѓани почувствувале здравствени тегоби од различна природа.
-Неделата беше тежок ден за астматичарите, при што нашите дежурни екипи беа принудени да им укажат повеќе помош на овие пациенти. Во петокот и понеделникот поголем број на граѓани се жалеа на висок крвен притисок. Последица на тоа се зголемениот број на мозочни удари кој достигна од четири до пет дневно, наспроти просекот од два до три удари дневно. Во овој временски период не се регистрира зголемен број на срцеви удари иако имаше повици каде пациенти се жалеа на срцеви тегоби и кардиоваскуларни – објаснува д-р Димовска.
За здравствените тегоби на граѓаните достапна е и телефонската линија за медицински совет 02/15123 – Ало докторе!, каде изминатата недела се регистрирани 1.336 повици.
Јавувањата, како што информираат од ЈЗУ Здравствен дом Скопје, најчесто се за респираторни симптоми, покачен крвен притисок, покачена телесна температура, вирози и кашлици од ниските температури. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
