Македонија
1. January 2022 - 17:08

Внука пријавила дека во пожар починал нејзиниот дедо

Вчера во 07.43 часот во Полициското одделение Новаци, Ј.М. пријавила дека во с.Добрушево, битоско, во текот на ноќта во помошна просторија настанал пожар во кој починал нејзиниот дедо А.М.(94), соопшти МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.