Македонија
25. February 2016 - 13:31

Во 2017 нов пат од Волково до Кучково

Општина Ѓорче Петров изработува проект за реконструкција на патот од центарот на Волково до манастирот „Св Ѓорѓија“ во селото Кучково во должина од 6,8 километри, широчина од 6 метри и пешачка патека со широчина од 2 метри од едната страна на патот. Работите предвидено е да завршат до крајот на 2017 година, информираат од општината.

До завршување на предвидениот проект, од општината Ѓорче Петров апелираат за почитување на поставената сигнализација и за поголемо внимание за да не се загрози нечиј живот.