Македонија
16. January 2025 - 12:36

Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот

Даночното одделение при штипската локална самоуправа, започна со изготовка на новите решенија за данок на имот за 2025 година, а овој данок домаќинствата и фирмите треба да го платат на сметката на општината. Дистрибуцијата на новите решенија на данок на имот ќе почне за 15 дена, односно,  на почетокот на месец февруари. 

- Во претходната година сме доставиле 17.930 решенија, а годинава Одделението ќе испорача околу 18.300 решенија за данок на имот. Лани очекуваниот износ за прибирање на средства од данок на имот бил 54 милиони денари, а сега општината планира да собере по основ на данок на имот на физички и правни лица 60 милиони денари, изјави Драган Каров, даночно одделение -ЛС-Штип

Граѓаните се должни до 31 јануари, како што е и законскиот рок, да извршат ажурирање на своите податоци, на промените на недвижниот имот, доколку имале во текот на 2024 година. Ова е со цел доставените решенија за данок на имот да бидат точни, но да имаат и можност во иднина да ги добиваат во електронска форма.

- Ги повикуваме во текот на 2025 година на шалтерите во општината да извршат ажурирање на своите податоци, со што ќе достават и маил адреса, која во иднина ќе ја користиме за дигитализација на процесот на достава на решенијата за данок на имот, додаде Каров

Процесот на дигитализација ќе озвозможи подигање на квалитетот и ефикасноста на општинките услуги.