Во Аеродром одбележани 144 години од раѓањето на Јане Сандански

Со положување цвеќе на споменикот Јане Сандански во истоимениот парк, денеска општина Аеродром ја одбележа 144-годишнината од раѓањето на овој голем македонски револуционер.
Цвеќе на споменикот положија делегации на општина Аеродром, на Советот, на основните училишта и градинките на територија на Аеродром...
Јане Сандански, кој бил познат како Сандан или Пирински цар, е роден на 18 мај 1872 година. Бил истакнат револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Во 1899 година се запознал со Гоце Делчев и Ѓорче Петров и преминал во ТМОРО. Бил главен организатор на запленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес во 1903 година за востание. Учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година и на окружните конгреси во Серскиот округ.
Учествувал во Првата балканска војна, го ослободил Мелник како претходница на Бугарската армија, дејствувал при заземање на Рупелската Теснина, каде со придружба влегол во Солун во 1912 година и дошол до судир со бугарските офицери поради своите ставови за автономна и независна Македонија.
Починал на 10 април 1915 година, на 43-годишна возраст, така што оваа година се одбележува 101 година од неговата смрт. Бил голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија. Неговото дело го продолжиле неговите следбеници – санданистите.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
