Во африканската држава Малави 292 жртви на колера, 9.447 заразени
Најмалку 292 лица починаа од епидемијата на колера, а 9.447 се заразени во градот Блантајр, соопшти денеска министерката за здравство на Малави, Кумбизе Чипонда.
Бројките покажуваат дека стапката на смртност од болеста е зголемена на 3,1 отсто, споредбено со двопроцентната од април годинава.
Повеќето од починатите се во четирите области што се граничат со езерото Малави и во Блантајр, вториот по големина град во таа земја.
Чипонда појасни дека поголемиот дел од смртните случаи настанале затоа што пациентите побарале помош дури во развиените стадиуми на болеста.
Здравствените работници стравуваат дека најтешкото допрва доаѓа, со настапувањето на сезоната на врнежи.
Во Малави допрва треба да почне втората фаза од вакцинацијата против колера, откако претходно овој месец пристигнаа 2,9 милиони дози обезбедени преку Светската здравствена организација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и духот на македонската Република
-
Гаши: Ова е значаен празник за сите граѓани
-
2 Август Илинден - 121 година Илинденско востание и 80 години АСНОМ
-
Културно забавно пулсирање во Охрид за Илинден
-
Преглед на вестите од светот
-
Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор
-
Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип