Во акција на Европол уапсени 21 лице за експлоатација на жртви на трговија со луѓе

Во заеднички акции, кои биле координирани од Европол во средината на јуни, уапсени се 21 лице за трудова експлоатација на жртви на трговија со луѓе, соопшти ова тело на Европската унија.
Помеѓу 10 и 17 јуни, Европол координирал заеднички акции наречени ЕМПАКТ, со цел справување со трговијата со луѓе и експлоатација на мигранти за работни цели.
Во соопштението се наведува дека во акцијата во која заедно учествувале извршните власти на 31 земја, со поддршка на Евроџаст, Фронтекс и Европската агенција за труд, над 27.000 полицајци извршиле инспекции на вкупно 11.360 локации во повеќе сектори, вклучувајќи гастрономија, земјоделство и индустрија за убавина, особено фокусирајќи се на експлоатација на државјани на земји кои не се членки на ЕУ.
Како резултат на инспекцијата, идентификувани се 57 осомничени, приведени се 21 од нив, за трудова експлоатација и идентификувани се 261 жртва.
Податоците собрани за време на операцијата доведоа до започнување на 86 нови истраги за да се идентификуваат дополнителни потенцијални осомничени и жртви поврзани со случаи на трговија со луѓе низ ЕУ и во други земји.
Операциите биле насочени кон низа сектори, вклучително и преработка на храна и месо, ресторани, услуги за достава на храна, салони за убавина, градежништво, рударство, транспорт и земјоделство, а официјалните лица, исто така, беа насочени кон трудова експлоатација на домаќинките и негуватели на приватните имоти.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
