Во Албанија бесплатни учебници за сите основци и дел од средношколците
Во новата 2021/2022 учебна година, албанската Влада, ќе обезбеди бесплатни учебници за сите ученици во основното образование, вклучително и оние од осмо и деветто одделение, кои досега не беа опфатени со оваа програма.
Министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши, веста ја објави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека на списокот на корисници ќе бидат и средношколци кои се во потешка социо-економска состојба.
-Оваа учебна година се исполнува заложбата, со која сите ученици во основното образование од 1-9 одделение ќе добијат бесплатни учебници. Во меѓувреме, корисници на оваа програма за поддршка на албанската Влада, опфатени се и сите ученици од посебни категории во средното образование. Станува збор за околу 280.000 ученици, од кои 16.000 се од средно образование, напиша министерката Куши на Фејсбук.
Според неа сите ученици во прво, осмо и деветто одделение и оние кои припаѓаат на посебна категорија во прва година средно образование ќе добијат нови учебници, додека останатите ќе користат претходно користени учебници.
-Пред дистрибуцијата на учебниците, беше направена процена колку проценти се оштетени веќе користените учебници во минатата учебна година за да бидат заменети со нови, додава Куши.
Посочува дека новата учебна година ќе започне на 13 септември, но за да ги пополнат празнините предизвикани од учењето во услови на пандемија, учениците ќе имаат можност да го надополнат пропуштеното во период од две недели пред почетокот на учебната година.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!