Во Албанија расте бројот на новозаразени и хоспитализирани лица со Ковид-19
Новозаразени 71, оздравени осум, починато едно лице, зголемен број на хоспитализирани е билансот за епидемиолошката состојба во последното деноноќие во Албанија.
-Од направените 327 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 71 од нив, главно нови случаи. Најголемиот број од нив или 31 се во Тирана, која и понатаму останува главно жариште на болеста со вкупно 361 заразен. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 23.453 тестирања со што вкупнот број сега изнесува 1.962 лица, информираше Гента Ќирјако од Институтот за јавно здравје.
Во изминатото деноноќие почила 61- годишна жена од Тирана,што е 44 жртва од Ковид19. Во исто време оздравени се осум лица или вкупно 1.134 од вкупно заболените.Активни на болеста се 784.
-Она што посебно загрижува е и зголемувањето на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во Инфективната клиника моментно се 78 пациенти,од нив 10 се на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина,рече Ќирјако.
Таа апелираше на строго почитување на мерките и протоколите за заштита,како од граѓаните така и од деловните субјекти.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски