Во Ауди превезувале седуммина мигранти
Седуммина мигранти од Сирија биле откриени вчера наутро при полициска контрола на ауди со скопски таблици во село Бориево, Општина Босилово. Возачот и совозачот во автомобилот биле приведени од полицијата.
Вчера околу 8:00 часот во село Бориево, Општина Босилово, од страна на полициски службеници било запрено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(20) од Скопје. Како совозач бил У.Х.(22) од с.Радање-Штип. Во возилото биле затекнати седум лица-мигранти од Сирија, се наведува во соопштението од МВР.
Лицата С.И. и У.Х. се приведени, против истите е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Лицата се предадени во КПУ-Затвор Скопје.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци