Во Авганистан лани два пати повеќе жртви отколку во 2014.
Околу 15 илјади лица се убиени во Авганистан минатата година, двојно повеќе отколку во 2014 година, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражувања.
Тоа е најголемото зголемување на бројот на жртвите на вооружени конфликти во светот во 2015 година, се додава во документот.
- Пред две години имаше 3.500 убиени, што покажува колку се влошила безбедноста, откако силите на НАТО за поддршка на безбедностса во Авганистан (ИСАФ) почнаа да се повлекуваат, изјави во Лондон директорот на Институтот, Џон Чипман, претставувајќи го извештајот за вооружениот конфликт во светот.
Јенс Варденаер додаде дека ова алармантно зголемување на бројот на убиените во Авганистан се должи во голема мера на повлекувањето на западните војници, како и на моќната офанзива на талибанците во речиси целата земја.
Тој не е мошне оптимистичен за развојот на состојбата во земјата оваа година.
ИСАФ ја прекина воената мисија во Авганистан во декември 2014 година, но во земјата останаа 12.500 странски војници, од кои повеќето Американци, кои ги обучуваат, ги советуваат и им помагаат на локалните сили за безбедност во рамки на новата мисија на НАТО „Решителна поддршка“.
Во целиот свет околу 167 илјади лица загинале во вооружени судири минатата година, се наведува во извештајот и се додава дека една третина од жртвите се во Сирија.
Бројот на бегалците и на внатрешно раселените лица како резултат на вооружени судири се зголемил од 33 милиони во 2013 година на 43 милиони во 2014 година за да достигне 46 милиони кон средината на минатата година, се истакнува во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражувања.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници