Во Австралија зголемени мерките поради ширење на заразата со Ковид-19
Австралиските власти денеска ги проширија мерките за затворање и физичко дистанцирање во поголемиот дел од земјата, а четири големи градови веќе се под строг карантин поради ширењето на заразната Делта варијанта на коронавирусот.
Речиси секој втор Австралиец мора да остане дома, а милиони други се подложени на ограничување на движењето и задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на инфицирани со Ковид-19 на повеќе локации.
Повеќе од пет милиони жители на Сиднеј и околината се наоѓаат во двонеделен карантин до 9 јули, а државата Нов Јужен Велс денеска пријави 22 нови локално пренесени случаи, сите поврзани со претходни инфекции.
Нов Јужен Велс покажува стабилна стапка на случаи во оваа фаза … но, до денеска не се реализираа нашите стравови од огромна ескалација и сакаме да остане така, изјави премиерката Гледис Береџиклијан.
Жителите на Сиднеј, Перт, Бризбен и Дарвин се ставени во карантин.
Земјата пријави 30.550 заразени и 910 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Сепак, помалку од 5 проценти од возрасната популација од 20 милиони луѓе се целосно вакцинирани, што предизвика критики за бавната национална програма за вакцинирање.
Ново на Сител
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден