Свет
7. September 2015 - 11:52

Во Австрија влегле 15 илјади бегалци, само 90 од нив поднеле барање за азил

Во Австрија од Унгарија овој викенд влегле 15 илјади бегалци, а само 90 од нив поднеле барање за азил, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Карл-Хајнц Гриндбек.

Тој додаде дека поголем број бегалци го продолжиле патот кон Германија.

Австриската полиција во меѓувреме соопшти дека 260 бегалци ја поминале границата пред полноќ и дека со воз продолжиле кон Виена.