-->
-->
Во Белата куќа со Бајден ќе се всели и куче земено од засолниште
-->
Во Белата куќа, заедно со семејството на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе се всели и куче земено од засолниште.
Откако ќе се преселат во Вашингтон, Бајденови ќе бидат придружени од два германски овчара. Како што соопшти синоќа Базфид, едниот волчјак, Чамп, е земен од одгледувач на кучиња, додека другиот, Мејџор, бил земен од засолништето за животни „Delaware Humane Association“.
Кучето ќе биде прво животно од уточиште кое се населило во Белата куќа.
За време на предизборната кампања на почетокот на октомври, Џо Бајден повика на враќање на кучињата во Белата куќа. Кога дојде во Вашингтон во 2017 година, акуелниот претседател Доналд Трамп не донесе со себе куче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците