Во Белгија просечно дневно се пријавуваат 13.000 новозаболени со Ковид-19
Кризниот штаб за Ковид-19 информираше дека помеѓу 17 и 23 октомври Белгија постигнала стапка од тринаесет илјади новозаразени дневно во просек, јави дописничката на МИА од Брисел.
Белгија е втора по стапка на новозаразени од коронавирусот во Европа после Чешка.
Во просек се регистрирани 13.052 нови инфекции дневно во текот на неделата од 17 до 23 октомври, според бројките на Институтот за јавно здравје, односно 38 отсто повеќе од претходната недела.
Од почетокот на пандемијата се заразиле повеќе од 300.000 лица во Белгија.
Бројот на хоспитализации достигна 502 дневно, односно пораст од 88 отсто.
Моментално низ цела држава хоспитализирани се 5.260 лица со вирусот, од кои 809 на интензивна нега. Сите бројки се во подем во споредба со претходната недела, вклучително и бројот на починати кои достигна 48,3 дневно.
Стапката на позитивност на тестовите надмина 21 отсто на национално ниво.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница