Во Белорусија почнaa преговорите меѓу Русија и Украина
Преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина за решавање на кризата меѓу двете земји денеска започна во регионот Гомел во Белорусија.
Делегации на високо ниво од двете страни пристигнаа на местото на средбата покрај реката Припјат за да се обидат да преговараат за решавање во тековната криза, создадена откако Русија изврши инвазија на Украина.
Според кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, во составот на украинската делегација
министерот за одбрана Олексеј Резников, шефот на парламентарната фракција на партијата Слуга на народот и заменик министер за надворешни работи. Делегацијата на Русија ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински.
Украина денеска побара итен прекин на огнот на Русија и повлекување на војниците, додека нејзината делегација пристигна во Белорусија на разговори со руските преговарачи на петтиот ден од офанзивата на Кремљ.
Украинската делегација треба да се сретне со руските претставници на првите разговори по инвазијата на Москва, додека борбите за неколку украински градови продолжуваат, а вредноста на руската рубља пропаѓа.
Портпаролот на Кремљ соопшти дека Москва нема да ги соопшти своите позиции пред преговорите – Преговорите мора да се водат во тишина. Нема да ги откривам нашите ставови“, рече Дмитриј Песков на денешната прес-конференција.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО