-->
-->
Во Берово ќе се субвенционира стерилизација на домашни миленици
-->
Општина Берово ќе врши субвенционирање на 50 проценти од трошоците за стерилизација на педесет кучиња на територијата на општината во текот на 2019 година. Како што информираат од општината, субвенцијата се однесува на трошоците кои лицето кое е сопственик на женка-куче ги има направено за стерилизација на истото.
-По основ на овој Јавен повик ќе бидат субвенционирани 50 лица. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен”. Субвенционирањето од средствата на Буџетот на општина Берово ќе можат да го користат сопственици на женки-кучиња кои во рок од 30 дена од извршената стерилизација на кучето, кои ќе поднесат барање за субвенционирање на педесет проценти од трошоците за стерилизација на женка-куче, информираат од општина Берово.
Јавниот повик ќе трае во текот на целата 2019 година или до исполнување на квотата од 50 педесет уредни и комплетни Барања за субвенционирање. Комплетните информации за пријавување на кандидатите за субвенции по овој основ од денес се објавени и на веб-страната на Општина Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години

