Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени
Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата.
Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5, -4 степени во Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 во Охрид и Претор.
На Попова Шапка и во Гевгелија 1 степен и 2 степена утрово се измерени во Крушево.
Снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка во 7 часот била 49 сантиметри, и на Попова Шапка со 47 сантиметри.
Утрово времето е сончево со појава на слаба магла во делови од регионот на Скопје и во долниот тек на Повардарието.
Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Ново на Сител
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО