-->
-->
Во Битола филмска ревија „Недела на австралиски филм“
-->

– Амбасадата на Австралија во соработка со НУ Центар за култура-Битола од денес до 12 април организираат филмска ревија „Недела на австралиски филм“.
Културниот настан за филмофилите од Битола ќе го отвори амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, а според програмата ревијата ќе почне во 19:30 часот со проекција на филмот, комедија „Црвениот пес“, кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.
Амбасадорката Стјуарт во текот на денот во Битола ќе учествува и на промоција на проект за лица од ранливи категории кој се реализира под наслов „Учи, работи, биди продуктивен“, ќе го проследи настапот на „Анастасија центар со попречености“ и ќе ја поддржи изработката на слика со отпечаток на прст на платно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-

Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода
-

Денеска календарски ни започнува зимата и е најкраткиот ден во годината
