Македонија
23. September 2019 - 8:37

Во Битола изложба „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“

Амбасадата на Република Полска и НУ Центар за култура-Битола вечерва ќе ја претстават изложба на тема „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“.

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск, а со цел одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска.

-Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји и затоа, сето ова го заслужува нашето сеќавање. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година, информираа организиторите на изложбата.