Во Битола почнува 30. јубилејно издание на Интерфест, годинава во чест на Блаже Конески
– Вечер во Битола почнува 30. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест, годинава посветено и во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конеска.
Во битолскиот театар, на сцената „Благоја Стефановски-Баге“, Фестивалот ќе го отвори НУ Опера и Балет-Скопје со операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во која диригент е Бисера Чадловска, а со хорот и оркестарот на НОБ ќе настапат солистите Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Горан Начевски, Јане Дунимагловски и Драган Ампов.
Според фестивалската програма, до 12. октомври во Битола концерти ќе одржат Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија, Александар Рам и Ана Одинцова од Русија, Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија, а ќе настапат и уметници од Унгарија, Турција, Србија и Северна Македонија.
За публиката на јубилејниот Интерфест програмирани се и придружни содржини, ликовна изложба „Боја родена од музиката“ сочувани дела од ликовниот уметник Борислав Траиковски (1917-1996) како и поетска вечер посветена на Блаже Конески.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО