Во Битола почнува комбинирано вакцинирање на граѓаните
Вакциналниот пункт во Битола денеска продолжува со комбинирано вакцинирање на граѓаните кои сакаат да користат бесплатна вакцина.
Според планот на медицинските тимови во вакциналниот пункт сместен во спортската сала на средното медицинско училиште „Др Јован Калаузи“ во Битола, до 13 часот ќе се врши вакцинирање на граѓаните кои што сакаат да се заштитат од сезонски грип, додека во терминот по 13 часот ќе се вакцинираат граѓаните за заштита од вирусот Ковид.
-Во Битола со прва и втора доза вакцина, вакцинирани се 56 отсто од населението на возраст над 12 години, а интересот за трета вакцина се зголемува, информираа од вакциналниот пункт во Битола.
Според актуелната епидемиолошка анализа на Министерството за здравство во Битола од почетокот на појавата на вирусот регистрирани се 8.086 инфицирани лица, а во моментов активни се 656 заболувања со Ковид-19 во овој град.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
