Македонија
22. August 2021 - 12:09

Во Битола пронајдени две неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна

Вчера во 16.40 часот во СВР Битола, Д.К. пријавил дека при вршење ископ на ул.16-та во Битола биле пронајдени две експлозивни направи, велат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото, а од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување експлозивите направи биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм од Првата светска војна.