Македонија
23. July 2022 - 16:44

Во Битола се почести убоди од инсекти завршуваат со алергии

Зголемен е бројот на пациенти кои претрпеле убод од инсекти, велат од битолската  Служба за итна медицинска помош. Имало пациенти со поблаги, но и потешки форми на алергии.

Оние кои знаат дека се алергични си носеле соодветна терапија.

- Ако се движат веќе во шумски предели, задолжително да им бидат заштоитени горните и долните екстремитети. Ако имаат веќе убод, да ја земат таблетката ако ја имаат и да се јават во нашата служба. Нивниот број е се почест. Најчесто се работи за убоди од стршлени, крлежи, а послабо од змии, вели д-р Васе Николовска, лекар во итната медицинска помош во Битола 

Но, исто така зголемен е и бројот на јавувања на пациенти заради топлото време. Најчесто се јавувале кога паѓаат температурите, после 19 часот.

„Има од различна патологија, меѓутоа во последните денови зголемен е бројот и на помладата популација која што се жали на висока температура, главоболки, гадење и повраќање. Зголемен е бројот и во теренскиот дел. Имаме од различна патологија, зголемен е бројот на колапсни состојби, има пациенти со проблеми со висок крвен притисок, со низок притисок, проблеми со дишните патишта, проблеми со стомак, со малигни заболувања“, рече д-р Николовска.

Д-р Николовска рече дека заради топлото време има и мал пораст на сообраќајните незгоди.