Во Битола вечер премиера на дуо-драмата „Последната ноќ“

Актерите на битолскиот театар Соња Михајлова и Марјан Ѓоргиевски вечер на матичната сцена премиерно ќе го изведат најновиот проект на НУ Народен театар-Битола, дуо-драмата „Последната ноќ“ на Ингмар Вилквист во режија на Андреј Цветановски.
Во пресрет на вечерашната премиера, режисерот Цветановски изјави дека „Последната ноќ“ е психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции на гледачот, публиката.
- Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на она што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е дуо драма сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите оние работи што семејството ги гради. Приказна која зборува за поинакво семејство, понижувано смејство кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет, посочи Цветановски.
За подготовка на најновиот проект на НУ Народен театар-Битола, режисерот Цветановски ја искористи поддршката на најмладите ресурси во тој театар, односно сценографија на Сергеј Светозарев, костимографија на Марта Дојчиновска, а музиката ја компонираше Димитар Андоновски.
Ново на Сител
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
