Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта

Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.
Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград.
- Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен - информираа од ЈОУ Зоолошка градина Битола.
Во Зоолошката градина Битола има современо живеалиште за нилски коњ и токму затоа менаџментот на таа општинска установа почнува со обезбедување нов жител, а во текот на годината ќе реализира и други планови, односно изградба на ново живеалиште за копитари, изградба на живеалиште за фламинго, изградба на терариум и други инвестиции.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
