Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта

Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.
Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград.
- Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен - информираа од ЈОУ Зоолошка градина Битола.
Во Зоолошката градина Битола има современо живеалиште за нилски коњ и токму затоа менаџментот на таа општинска установа почнува со обезбедување нов жител, а во текот на годината ќе реализира и други планови, односно изградба на ново живеалиште за копитари, изградба на живеалиште за фламинго, изградба на терариум и други инвестиции.
МИА
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
