-->
-->
Во близина на Стража изгоре цел автобус, патниците во шок
-->

Патнички автобус денеска попладне изгоре во близина на Стража. Како што велат очевидци, патниците исплашени и во паника стоеле на патот и чекале да дојде друго возило што ќе ги пренесе до нивните дестинации, објавува ТЕЛЕГРАФ.
Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека денеска попладне околу 17 и 30 часот на патот Кичево-Гостивар во близина на Стража изгорел автобус со српски регистерски таблички. Во автобусот имало 50 патници, но за среќа нема повредени. Пожарот настанал од моторот на автобусот.
– Пожарот започнал од моторот и го зафатил целиот автобус. Веднаш откако возачите забележале дека гори, смирено и брзо ги извадиле сите патници на безбедно. Огнот се проширил и го зафатил цел автобус. Во пожарот изгореле и куферите и документи на патниците, изјави Димоски за Телеграф.мк.
Во моментов сè уште се врши увид во присуство на јавен обвинител. Во гаснење на пожарот интервенирала кичевската противпожарна бригада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
