Балкан
18. јуни 2017 - 17:57

Во болница завршија 731 војник поради труење со храна

Поради труење со храна во воена база во Турција хоспотализирани се 731 војник, а 21 лице од компанијата што доставува храна во базата,  се во притвор, изјави денеска обвинителот Акиф Челатин Шимшек. 

Тој наведе дека е покрената истрага врз основа на примероците што се земени од заболените војници, како и од храната и водата во воената база што се наоѓа во провинцијата Маниса. 

Никој од заболените не е во критична состојба. 

Турскиот министер за одбрана Фикри Исик, кој отпатува за Маниса, изјави дека турското Министерство за одбрана склучило договор за соработка со компанијата што ја доставува храната.