ОН: Во бомбардирањето во Авганистан настрадаа деца
- Мисијата на Обединети нации во Авганистан соопшти дека 30 деца биле меѓу жртвите при минатомесечниот воздушен напад на авганистанската авијација.
Авганистански официјални лица тврдат дека тоа бил напад на бунтовници.
Во извештај на ОН објавен денеска се наведува дека во нападот на 2 април загинале 36 лица, како и дека имало верска церемонија во провинцијата Кундуз, на која присуствувале стотици мажи и момчиња.
Исто така, се наведува дека тогаш биле повредени 71 лице, меѓу кои 51 дете.
ОН наведува дека не можат да потврдат дали жртвите биле цивили, ниту дали талибанците биле присутни.
На денот на нападот, портпаролот на Министерството за одбрана рече дека во бомбардирањето биле убиени 30 талибански борци, кои учествувале на воена парада и дека цивили не биле присутни.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже