Свет
17. August 2017 - 8:55

Во борбена операција против ИД во Авганистан загинал американски војник

Американската армија информира дека еден нејзин војник загинал, а неколкумина американски и авганистански војници се ранети во борбена операција против огранок на Исламска држава во источен Авганистан, пренесоа американските медиуми.

Националната гарда на Јута соопшти дека вчера загинал нејзин член и дека и меѓу ранетите војници има седум нејзини гардисти.

Имињата за загинатиот и ранетите војници се уште не се соопштуваат, се додека не се известат нивните семејства.

Ранетите војници се евакуирани за да им се укаже медицинска помош.

Армијата на САД не дава детали за каква воена операција станувало збор.